Треба да се урнат родовите стереотипи, апелираа денеска од Комисијата за еднакви можности (КЕМ) при општината Кавадарци, по учеството на нивни и претставници од локалната самоуправа на кавадаречкиот ноќен полумаратон.

Како што потенцираат во соопштение, борбата за еднакви права меѓу мажите и жените е маратон со историски пропорции.

-Родовата анализа на КЕМ во однос на бројот на пријавени учесници, покажува дека од вкупно 341 учесник на маратонот, 242 се мажи, а 99 се жени. Бројот на пријавени учеснички во однос на претходните години е зголемен, што значи дека жените почнуваат активно да се вклучуваат во спортските ативности во заедницата. Исто така родова еднаквост е застапена и во организациониот одбор на маратонот, кој се состои од четворица мажи и три жени. Со учеството на маратонот, КЕМ испрати силна порака, дека треба да се срушат родовите стереотипи со кои се соочуваат жените за помалку моќни и помалку издржливи од мажите, трчајќи еднакво со нив на трка од 5, 10 и 21 километар, соопштија од Комисијата за еднакви можности при Општина Кавадарци.

Оттаму додаваат дека ќе продолжат со активно преземање чекори, насочени кон унапредување на родовата еднаквост и ќе се залагаат за еднакво учество на жените и мажите, во сите области од јавниот и приватниот сектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2021 14:19