Вчера бевме сведоци на уште еден неуспех во редицата неуспеси во процесот на интеграцијата. Нема датум за преговори со Европската Унија. Од 2018 година сè било лага. Фотографиите во авион, трошоците на премиерот и министрите на Владата ќе останат само уште еден доказ на измамите на оваа власт и трошоци што ќе треба да ги сносат граѓаните. Што уште треба да се случи за да зелениот Министер за надворешни работи, Бујар Османи, да признае дека е неуспешен, Што уште треба да се случи за да оваа Влада даде оставка и да се врати на повторна проценка пред граѓаните.

Ќе се правдаат со Бугарија, но, ние сите знаеме дека Европската Унија не прифаќа во нејзините прегратки корумпирани и криминализирани политичари и власт.

Неодамна вакви проценки пристигнаа и од Вашингтон со указот на Претседателот Бајден.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива има изјавено многу пати дека оваа Влада ниту земјата може да ја води кон Европа, ниту пак може Европа да ја донесе тука.

Со почит,

КОАЛИЦИЈА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ & АЛТЕРНАТИВА



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2021 14:24