Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ел-Хелаифи, сака да го врати дефанзивецот Давид Луиз, пренесува „Ле10 Спорт“. Бразилецот ќе стане слободен играч во јули, бидејќи Арсенал не го продолжи договорот со него.

Луиз претходно играше за ПСЖ од 2014 до 2016 година.

Ел Хелаифи сака 34-годишниот стопер да се врати во Париз. Сепак, главниот тренер на тимот, Маурисио Покетино и спортскиот директор на клубот, Леонардо, не се убедени во полезноста за враќање на играчот.

Во сезоната 2020/21, дефанзивецот одигра 30 натпревари за Арсенал и постигна два гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2021 21:01