Патничко возило „ауди“ со кочански регистарски таблички, денеска околу 12,30 минути кај Стари Град кај мостот на Бабуна од засега непознати причини излетало од патот и паднало во канал за наводнување. Во несреќата возачот се здобил со полесни телесни повреди, во возилото имало уште двајца патници, потврдуваат од СВР Велес, за МИА.

Како што информира за МИА д-р Василка Пановска Поп Стефанова началник на Брза помош Велес, тие за сообраќајката биле известени во 12,30 минути и се упатиле на местото на настанот, но повредениот бил преземен од друго приватно возило кај село Бусилци и медицинскат екипа на Брза помош веднаш му укажала прва помош. Доктор Пановска Поп Стефанова информира дека пациентот е маж на 64 години од Кочани, кој бил стабилен, згрижен на лице место и транспортиран во Ургентниот центар при велешката Општа болница. Д-р Елеонора Јованова портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес, соопшти дека денеска околу 13 и 30 минути од страна на Итна медицинска помош на одделот за Хирургија донесено е лице на 64-годишна возраст, од Кочани, повредено во сообраќајна несреќа, пациентот се здобил со повреди на глава и граден коши дека е задржан на опсервација. Полицијата изврши увид на местото на несреќата.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2021 21:32