Пред вечерашниот натпревар Унгарија – Германија во рамките на ЕВРО 2020, еден навивач истрча на теренот со знаме со боите на виножитото во рацете. Навивачот беше облечен во дрес на Германија. Тој истрча на теренот додека се интонираше химната на Унгарија. Веројатно, навивачот искажа поддршка на ЛГБТ на овој начин.

Химната на Унгарија беше исвиркана од поголем дел на германските навивачи, додека за време на изведба на химната на Германија, унгарските фанови свртеа грб кон теренот.

Овие настани се реакција на донесениот закон во Унгарија со кој се забранува размена на информации за хомосексуалноста кај лица под 18 години. На наставниците во земјата, за време на часовите им е забрането да ја нарекуваат хомосексуалноста нормална форма на сексуално однесување.

УЕФА не дозволи употреба на виножито осветлување на „Алијанц Арена“ во Минхен на денот на натпреварот, со образложение дека акцијата има политички карактер.

На полувреме Унгарија води со 1:0, резултат кој значи елиминација на Германците уште по групната фаза, ако Португалија не загуби од Франција (1:1 на полувреме).



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2021 00:36