Македонски државјанин е приведен на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница, кај Струга, откако кај него биле откриени непријавени 17.770 евра.
– При влез во Република Албанија, во втората линија, за детална контрола на возилото марка „Фолксваген“, управувано од државјанинот З.Н, (34) години, жител на Скопје, Северна Македонија откриени се 17.770 евра кои претходно не ги пријавил. Парите при контролата се пронајдени во чанта која била во возилото и се одземени, како доказен материјал, стои во полициското соопштение.
Се додава дека понатамошни активности биле извршени од специјалисти за истрага на криминал во полицискиот комесаријат Поградец, кои го привеле 34-годишниот скопјанец.
Случајот е предаден на Обвинителството во Основниот суд Поградец.
-Службите на Граничната полициска станица Ќафасан во соработка со царинските органи, како и на сите други гранични премини, во рамки на заложбите за спречување и сузбивање на незаконитост од секаков вид, реализираат зголемени контроли врз основа на анализа на ризик. Посебно во овој период кога фреквенцијата на патници и возила е видно зголемена, посочуваат од полицијата