Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, побара од Советот за безбедност на ОН да ја продолжи операцијата за прекугранична испорака на хуманитарна помош во Сирија за уште една година. Toj предупреди дека ако тоа да не се стори би било погубно за милиони луѓе.

Операцијата за доставување помош на Сирија истекува на 10 јули, а Гутереш се обрати до СБ затоа што се очекува западните членки да имаат спор со Русија и Кина околу продолжувањето на таа операција.

Во 2014 година, СБ одобри за првпат операција за помош на Сирија преку четири гранични пунктови, но минатата година, поради противење од Русија и Кина, испораките на помошта на тие три пункта беа прекинати и се одвиваа само на граничен премин меѓу Сирија и Турција што водеше во територија под контрола на бунтовниците на северозапад во Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2021 10:17