„Вистината за родот“ е темата на денешното онлајн предавање кое ќе го одржи д-р Мириам Гросман. Целта на ова предавање е да се овозможи подобро разбирање на родовите концепти и истото ќе биде одржано во два дела.

Д-р Гросман дипломирала медицина на Универзитетот во Њујорк. Остварила стаж од областа на педијатрија во болницата Бет Израел во Њујорк и завршила специјализантско стажирање по психијатрија, во болницата North Shore-Cornell University Medical College. Активно пристапува кон систематско изучување на сеопфатното сексуалното образование (ССО), како започнало и што тоа претставува денес.

Настанот е во организација на Здружението за заштита на човекови права „Од нас за нас“ Скопје и граѓанската иницијатива „Преземи одговорност“.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2021 10:20