Во паркот пред Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде промовирана книгата „4х9“ драмата „9“ од Гоце Ристовски, објавена на четири јазици: македонски, руски, српски и бугарски.
Промотор е Кристина Николовска.
Публиката ќе може да проследи и театарски перформанс со Елизабета Стефановска и Благој Чоревски, музички перформанс со Полина Тасева, Иван Петровски и Ристо Тасев Босилски, како ликовен перформанс со Зоран Митревски и Живко Поповски Цветин.