Американското Министерство за трговија додаде уште пет кинески компании на својата црна економска листа, со образложение дека се вмешани во кршење на човекови права.

Меѓу нив се компаниите ХошинСиликон Индастри, Синџијанг Даго Њу Енерџи, Синџијанг Ист ХоупНонферос металс и уште две фирми од кинескиот автономен регион Синџијанг.

Овие компании се нашле на црната листа поради злоупотреба и кршење на човековите права на Ујгурите и други муслимански малцинства.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2021 10:55