Бразилскиот министер за екологија Рикардо Салес поднесе оставка, објавено е во Службениот весник на таа земја.

Претседателот Жаир Болсонаро на негово место го именуваше Хоаким Алваро Переира Леите.

Изминатите недели бразилскиот Врховен суд одобри кривична истрага во врска со обвинението дека Салес вршел опструкција на полициската истрага за илегално сечење на дрвја во амазонските прашуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2021 11:34