Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 12 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 24 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 14 за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени се седум санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за некористење сигурносен појас, пет за користење мобилен телефон при управување возило, една за вградени неатестирани фолии, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 58 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2021 12:11