На 28.06.2021 ОВР Кочани поднесе кривична пријава против П.Ј., полициски службеник во ПС Кочани поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353 од КЗ.
Имено, пријавениот искористувајќи ја својата службена положба ги пречекорил границите на своите овластувања на начин што при пополнување пријава за престој на странски државјани на територија на РМ побарал и земал паричен надомест од пријавителот-странски државјанин.
Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој е суспендиран до донесување на решение во дисциплинската постапка.