ОВР Свети Николе поднесе кривична пријава против Т.К.(29) од село Ерџелија, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавениот, во периодот од 27.05. до 13.06.2021, искористил податоци од кредитна картичка сопственост на Ф.С. без негова согласност и преку негов телефонски апарат се логирал на веб страната на Државна лотарија на Македонија и играл на игрите на среќа со паричните средства и се стекнал со противправна имотна корист од 51.353 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2021 02:39