Денеска (30.06.) во периодот од 07 до 11 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 34 возачи, од кои 21 на територија на Тетово, а 13 на територија на Гостивар.
23 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а двајца за дури над 70 километри на час над дозволената.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.