ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.М.(55) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Таа, во текот на 2017 година, како вработена во Агенција за катастар за недвижности, на физичко лице му издала потврда за запишување на промена во катастарот на недвижности со што му овозможила да се стекне со недвижен имот и да биде запишан како сопственик во имотните листови.