СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.К.(31) од с.Шемшово, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

На 19.03.2021 во с.Стримница, по претходна расправија поради љубовна врска, пријавената, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“, удрила во патничко возило „бмв“, управувано од Р.С., по што и двајцата изгубиле контрола над возилата и излетале од патот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2021 02:18