Трojца милијардери претприемачи – Џеф Безос, Илон Маск и Ричард Бренсон – се борат за влез во нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.

Следува компаративен преглед на нивните ривалски напори во трката за патувања во вселената.

БИЛЕТИ

Безос, Брансон и Маск инвестираат милијарди долари во своите вселенски потфати, секој ветува дека ќе превезува клиенти што ќе платат за патување во вселената – и тоа ќе чини многу пари.

Има информации компанијата Вирџин Галактик на Бренсон веќе има повеќе од 600 резервации на билети, кои чинат околу 250.000 американски долари. Се очекува да почне целосна комерцијална услуга во 2022 година и се надева дека на крајот ќе ја намали цената на билетот на околу 40.000 американски долари.

Ројтерс во 2018 година објави дека компанијата на Безос „Блу Ориџин“ планира да им наплаќа на патниците најмалку 200.000 американски долари по патување, врз основа на проценка на ривалските планови на Бренсон и други истражувања, иако позицијата на компанијата може да се промени. „Блу ориџин“ не ги обелодени своите долгорочни планови за цените.

Човек, чиј идентитет засега не се открива, резервирал едно од местата во првата суборбитална мисија на „Блу Ориџин“, закажана за 20 јули, нудејќи 28 милиони долари на аукција.

Компанијата „Спејс Икс“ на Маск веќе однесе екипаж до Меѓународната вселенска станица и планира да лансира целосно цивилен екипаж во орбитата во септември. Маск исто така рече дека Спејс Икс ќе го однесе милијардерот Јусаку Маедзава на лет околу Месечината со својата идна ракета Старшип во 2023 година.

ДИЗАЈН

Се предвидува вселенското летало Јунити што го користи системот за повеќекратна употреба „СпејсШипТу“ на „Вирџин Галактик“, да биде подигнато на висина од голем носач на авиони, наречено Ив, пред одвојувањето.

Уредот „Њу Шепард“ на „Блу Ориџин“ претставува комбинација меѓу на ракета и капсула, се лансира во суборбиталниот простор пред одвојувањето. Ракетниот дел се враќа на местото за лансирање, а капсулата под притисок се спушта назад на земјата со падобрани. Има шест прозорци за набљудување – најголемите што некогаш се користеле во вселената.

Капсулата „Драгон“ на „Спејс Икс“ е поставена на ракета „Фалкон“, која може да се користи повеќекратно, со која се достигнува вселената.

ЕКИПАЖ И ПАТНИЦИ

Вселенското летало на „Вирџин Галактик“ може да прими шест лица: двајца членови на екипажот и четворица патници.

Леталото на „Блу Ориџин“ може да превезува шест лица и да лета само.

Капсулата „Дракон“ на Спејс Икс може да пренесува најмногу седум лица.

МАРШРУТА

Вирџин Галактик може да се пофали со време на лет од околу 90 минути од полетувањето до слетувањето, вклучително и неколку минути бестежинска состојба.

Суборбиталниот лет на капсулата на „Блу Ориџин“ е околу 10 минути по одвојувањето. И тука оние што се наоѓаат во леталото доживуваат неколку минути бестежинска состојба и ја гледаат планетата пред да се вратат на Земјата.

Мисиите на Спејс Икс се очекува да траат три до четири дена од лансирањето до приземјувањето.

ФИНАНСИРАЊЕ

Типично за потфатите на Брансон, Вирџин Галактик е јавно финансиран. Нејзините акции достигнаа скоро 60 американски долари по одобрувањето на Федералната управа за воздухопловство во јуни 2021 година.

Блу Ориџин е во приватна сопственост, а основачот на Amazon.com Inc, Џеф Безос претходно посочи дека би продал акции на Амазон во вредност од околу една милијарда американски долари годишно за да го финансира потфатот.

Спејс Икс е исто така во приватна сопственост и собра милијарди долари во неколку последователни рунди финансирање. Клучните инвеститори ги вклучуваат Алфабет и Фиделити. Маск вели дека надоместоците што ќе се наплаќаат за чартер летовите на Спејс Икс ќе одат за мисиите на Месечината и на крајот евентуално на Марс

10 јули 2021 година, Ројтерс



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2021 08:21