Советите за бременост обично се сосредоточуваат на физичките гледите: земање витамини, квалитетна храна, вежбање и слично. Но, за жената е подеднакво важно и психички да се подготви за тоа и за сѐ што следува потоа.

Едно истражување посочува дека психичката состојба при бременоста може да влијае врз породувањето, како и врз состојбата во попородилниот период. Следат неколку совети за тоа.

Запознајте се со факторите на ризик

Жените кои имаат поголема веројатност да доживеат попородилна депресија се оние коишто веќе се бореле со неа, имаат семејна историја на болести, брачни проблеми, тековни тешкотии во бременоста или несоодветна поддршка. Бремените жени кои добиваат психолошка помош имаат многу помала веројатност да доживеат депресија. Оваа помош вклучува интерперсонална терапија, домашни посети по породувањето и телефонска поддршка.

Симптоми на попородилна депресија се: слаба концентрација, чувство на отсутност, самоубиствени нагони, вознемиреност, постојано плачење и слично.

Социјализирајте се

Ако имате сопруг или партнер кој ќе биде дел од Вашиот и животот на вашето дете, вложете време и напор за да бидете сигурни дека вашата врска е стабилна. Секогаш зборувајте за вашите проблеми и побарајте помош кога ви треба тоа.

Бременоста може да биде предизвик, особено ако се борите со утринска мачнина и слични тешкотии. Покрај партнерот, потпрете се и на семејството и пријателите кои се во можност да Ви помогнат. Вашето искуство можете да го споделите со други жени кои минуваат низ истото. Курсевите за бременост и часовите за родители може да бидат одличен начин за информираност за оваа животна пресвртница. Самокритиката на минимум, каснете чоколадо и одвојувајте време за себеси секој ден.

Подгответе ги децата за доаѓањето на новороденчето

Кажете им на повозрасните деца дека тие се исто така важен дел од Вашата бременост и дозволете им да Ви помогнат околу сѐ тоа. Тие можат да бираат играчки, облека, да ја украсат собата, па и да предложат име за новиот член на семејството.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2021 15:33