Повеќето родители се запознаени со чекорите што треба да ги преземат при заштитата на кожата на бебето лете. Сепак, подробностите како што се бројот на заштитниот фактор и штетните состојки често се забораваат…
Американската академија за педијатрија одобри употреба на крема за доенчиња помали од шест месеци. Нанесете му ја на лицето и телото 20 минути пред да ја напуштите куќата.
Потребна е внимателност ако планирате да го минете целиот ден надвор. Внимавајте на вашето бебе за да избегнете и најмали изгореници од Сонцето. Ако ги забележите, веднаш вратете се на затворен простор.
Секогаш барајте сенка. Дозволете им на бебињата да играат на отворено, но ограничете го директното изложување на Сонце. Бидете сигурни да носите чадор на плажа. Облечете го во плетена облека и ставете му летна капа на малечкото. Обидете се да не го минувате попладнето надвор.
Бебето можеби е алергично на кремата за сончање. Прво, ставете само мала количина – за проба. Пара-аминобензоевата киселина (PABA) е состојка која најчесто се поврзува со алергиски реакции. Внимавајте и на бензофенони и антранилати.
Производите со заштитен фактор помал од 15, не можат да ги спречат негативните ефекти на изложеност на УВ зраците. Крема која содржи СПФ-50 е идеална заштита ако се нанесува на секои два часа додека сте на отворено. Ако вашето дете се поти или поминува време со вас во вода, мачкајте го на секои 40 минути. Не заборавајте да го подмачкувате задниот дел на ушите, внатрешноста на колената и дланките.
Треба да се користи крема за сончање дури и кога деновите се облачни и посвежи.