Дрво што расте на остров од сол, среде Мртвото Море – не е глетка што некој би можел да ја очекува. Но, тоа е тука – недалеку од плажата Ајн Бокек, кај градот Арад, во Израел.

Со концентрација на сол 10 пати поголема од онаа на океанот, науката вели, Мртвото Море не може да поддржи никаква флора или фауна. Па сепак, близу израелското одморалиште на исто толку чудниот, а убав солен остров, опкружен со тиркизна вода, вирее и дрво што го нашло своето место овде.

Патем, овие мали островчиња и околните слични солени брегови, се убави за око, но ако сакате да ги користите како плажи за сончање, тоа би било многу болно, предупредуваат познавачите.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2021 12:53