Лидерот на воената хунта во Мјанмар, генерал Мин Аунг Хлаинг, денеска вети нови избори, со учество на многу партии и рече дека неговата влада е подготвена да работи со специјалниот пратеник предложен од Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН).

Мин Аунг Хлаинг ја даде изјавата шест месеци откако армијата ја презеде власта од цивилната влада по оспорените избори, на кои победи претставнилката на владејачката партија, добитничката на Нобеловата награда за мир Аунг Сан Су Ќи.

Генералот Мин Аунг Хлаинг ги опиша лидерите на партијата како „терористи“.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2021 11:59