Германскиот тенисер Александар Зверев го победи Русинот Карен Хачанов во финалето во машка конкуренција на Олимпијадата во Токио.

Средбата траеше еден час и дваесет минути.

Зверев победи со 2:0, по сетови 6:3 и 6:1.

За потсетување, во мечот за бронзата Шпанецот Пабло Карено-Буста го победи Србинот Новак Ѓоковиќ со резултат 6:4, 6:7 (6:8) и 6:3.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2021 12:07