Неколку стотици Израелци протестираа во Тел Авив против новите ограничувања поврзани со пандемијата на коронавирус. Незадоволните луѓе носеа плакати со натпис „Нема пандемија” и слични пораки, насочени против имунизациите

Министерството за здравство на земјата вчера соопшти за над 2400 нови случаи, што е најмногу од март. Бројот на приеми во болница надминува 320, што е нов врв, во споредба со април.

Властите одобрија примена на трета доза вакцина против Ковид за лица над 60 години, носењето маски во затворени простории повторно стана задолжително, и повторно е воведена т.н. зелена карта за посета на јавни места како што се спортски сали или ресторани.

Од вчера, ќе можат да се вакцинираат и некои деца на возраст од 5 до 11 години кои се изложени на ризик да развијат компликации поради здравствени проблеми.

Зголемувањето на случаите е чекор наназад за Израел, кој беше една од водечките земји во светот по бројот на вакцинирани.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2021 12:11