Во Мексико, во урнатините на античкиот град Теотиуакан, археолози пронајдоа букети цвеќиња стари 1800 до 2000 години, пишува „Дејли мејл“.

Артефактите биле откриени на длабочина од 18 метри – под храмот посветен на Кецалкоатл (познат и како „Змија од пердуви“) – еден од важните богови на древните народи. Така што, растенијата можеби биле оставени во чест на богот. Околните жители го пренесуваат верувањето на нивните претходници – дека ова божество му давало пченка на човештвото и ги создало луѓето.

– Стеблата се совршено зачувани, вели Серхио Гомез, археолог од Националниот институт за антропологија и историја во Мексико Сити. – Вкупно четири букети се пронајдени во многу добра состојба. Тие сѐ уште се врзани со конци, најверојатно памук.

Тој додаде дека ова е „многу важно откритие“ бидејќи докажува дека на тоа место биле вршени верски ритуали.

Теотиуакан („Градот на божјите патишта“), науката го смета за еден од највлијателните центри за трговија и култура во претколонијална Северна Америка. Се проценува дека во најголемиот свој процут, градот бил населен со околу 200.000 луѓе. Тимот научници работи во Теотиуакан речиси 12 години. Jа проучуваат почвата, карпите, пронајдените пирамиди и урнатини на дворци од она што некогаш ја претставувала цивилизацијата во древниот град. Археолозите веруваат дека тој е основан околу 100. година п.н.е. и постоел до осмиот век.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2021 14:22