Раководството на НБА-лигашот Феникс санс објави нов дизајн на дресови. Дизајнерите беа инспирирани од влијанието на цивилизацијата на Ацтеките врз историјата на државата Аризона чиј главен град е токму Феникс.

Дресовите ќе бидат црни со виолетови акценти на ацтечки бележја.

Во моментов, клубот собира повратни информации пред да одлучи за производство на овие модели на дресови.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2021 00:31