Том Круз вчера го претстави она што тој самиот го нарече – најопасниот каскадерски трик на сите времиња. Се работи за сцена од претстојниот филм „Невозможна мисија 7“.

Круз, познат по опасните сцени каде што самиот ги изведува каскадерските маневри, тука вози мотор по стрмен предел кој се спушта од џиновска карпа, во Норвешка, па потоа се фрла во воздух пред да го отвори падобранот. Видеото и разговорот меѓу глумецот и режисерот Кристофер Меквери за подвигот беа прикажани на собирот на кинематографи и директори на холивудски студија во Лас Вегас.

– Oва е најопасното нешто што сум се обидел да го направам, а работиме на тоа со години. Сакав да го направам ова од кога бев малечок!, изјави Круз.

Во новото продолжение, суперагентот Итан Хант почнува нова мисија која ветува серија акциони сцени од кои запира здивот. „Невозможна мисија 7“ треба да излезе во мај 2022 година со едногодишно задоцнување поради пандемијата што го прекина снимањето во Италија, па тоа проддолжи во Норвешка и Велика Британија.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2021 01:59