Првото нешто што го правиме кога бебето почнува да плаче неконтролирано, е станување на нозе и лулање во раце. Тоа е инстинктивна реакција на мајката, пред сѐ.

Според ново истражување објавено во списанието „Курент бајолоџи“ (Current Biology), бебето помало од шест месеци се смирува веднаш и престанува да плаче кога неговата мајка го подига, зашто тогаш пулсот кај малечкото опаѓа, за разлика од неколку секунди претходно, кога тоа било во скутот на мајка му. Изненадувачки, оваа бебешка реакција не е ограничена само на човекот како суштество, но и кај други видови цицачи.

Држењето в раце е безбеден начин за опуштање и – за мајката да го смири бебето. Ова е во пракса со векови и секогаш успева. Што е причината за тоа?

За ова истражување, стручњаците следеле 12 здрави доенчиња на возраст од еден до шест месеци. Главната цел на трудот било да се открие најкорисниот начин – како мајката го смирува бебето што плаче?

Притоа, како заклучок, бебињата биле поопуштени и посмирени кога нивната мајка ги носи станата и во движење. Резултатите се слични и кај луѓето и кај глувците.

Претпоставките говорат дека причината е нагон за преживување. Се работи за „координирани“ вродени централни, моторни и срцеви реакции – како суштински интеракции меѓу мајката и детето. Носењето в раце предизвикува физиолошки реакции кои помагаат малечкото да се смири.

Значи, ако Вашето бебе почне да плаче, слободно прошетајте го в раце накусо низ собата. Тоа ќе помогне и да се препознаат причините за плачењето, на пр. – ако малечкото е исплашено од нешто, или гладно.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2021 03:59