Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, најави игра на победа на неговите избраници во реваншот од четвртфиналето на регионалната ракометна СЕХА-лига, со Загреб на гостински терен.

– Сигурно не очекува тежок натпревар. Ако калкулираме, ако ги браниме четирите голови предност од Скопје нема да поминеме. Ние треба да одиме на победа, па и да изгубиме минимално не е страшно. Загреб нема така лесно да се откаже од „Фајнал фор“ во Задар и да нема ниту една хрватска екипа таму. Значи имаат свои мотиви. Јас би сакал Вардар да оди на завршниот турнир, да остане тој кој од основањето на СЕХА-лигата е на Ф4. Секако тоа ќе зависи од многу фактори, судиите, публиката, факторот среќа. Шансите се на наша страна, имаме сериозна предност, па ќе видиме на терен, изјави Вујовиќ.

Реваншот во хрватската престолнина е закажан за утревечер со почеток во 20 часот.

На првиот меч одигран пред четири дена во Скопје, Вардар го победи Загреб со 24:20.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2021 23:39