Трикратниот Грен слем шампион Енди Мареј продолжи да го критикува Стефанос Циципас за паузите земени за тоалет што Гркот ги направи за време на меѓусебниот меч од првото коло на УС Опен.

-Факт на денот. На Стефанс Циципас му треба двојно повеќе време за да оди во тоалет отколку на Џеф Безос за да лета во вселената, напиша Мареј на Твитер.

На ова реагираше помладиот брат на Стефанос, Петрос Циципас.

-Не очекував вакво однесување од еден вид тениска легенда! – напиша Циципас помладиот. До твитот тој објави слика со резултатот од натпреварот на Инстаграм и го означи Мареј.

Гркот подоцна го избриша својот твит.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2021 23:54