Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во Тампере загуби од Финска со 3:1.

Првите два сета домаќините ги добија со убедливи 25:20 и 25:15. Во третиот сет Македонците славеа со 26:24, а во четвртиот домаќините беа поуспешни со 25:22.

По овој пораз, шансите на „црвено-жолтите“ за пласман во осминафиналето се значително намалени.

Ова беше дуел од Ц-групата која се игра во Тампере, а во неа учествуваат и Шпанија, Турција, Холандија и Русија.

На првиот денешен дуел на 32. евро-шампионатот, Летонија ја победи Естонија со 3:1.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2021 23:04