Карантинот ќе биде укинат за големи делови на Нов Зеланд, затоа што бидејќи бројот на заразени лица со коронавирусот продолжува да опаѓа, соопшти денеска премиерката Џасинда Ардерн.

Таа рече дека ограничувањата за поголемиот дел од земјата ќе бидат ублажени од среда. Строгите мерки ќе останат во сила во најголемиот град Оукленд.

Нов Зеланд денеска пријави 20 нови случаи на локално пренесена зараза, а вкупниот број на заразени се зголеми на 821.

Строгиот карантин беше воведен во земјата неколку часа откако беше откриен еден случај на 18 август, а сите училишта и компании кои не се неопходни беа затворени.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2021 11:41