Судот во Египет осуди десет мажи на смрт за трговија со дрога по заплена на повеќе од два тона хероин, објавуваат медиумите според египетски судски извори.

Седум Пакистанци, двајца Египјани и еден Иранец се осудени на смрт со бесење.

Властите откриле пратка хероин во вредност од 107 милиони евра и 99 килограми метамфетамин на брод на Црвеното Море. Датумот на заплена не е наведен.

Осудените имаат рок од 60 дена да ја обжалат пресудата.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2021 16:30