Во врска со написот за прекини во интернет конекцијата при спроведување на Пописот 2021, од Македонски Телеком испратија демант во кој велат дека нема никакви проблеми со интернет конекцијата и во текот на денот не е регистрирана ниту една пријава.

Претходно пак, како што информираше директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, а пренесе Македонската информативна агенција, прекинот на пописот не било поради проблем на пописната апликација туку во конекцијата со интернетот.

Имавме проблем со интернет конекцијата, ама не е проблем со апликацијата, туку со целата интернет мрежа во државата. Колку што сум запознаен, „Телеком“ работи на отклонување на овој дефект и мислам дека скоро тоа ќе се отклони и да немаме проблем во работата, изјави денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2021 16:44