Македонската одбојкарска репрезентација попладнево во Тампере загуби од Шпанија со 3:1 и го забележа четвртиот пораз во исто толку натпревари на 32. Европско првенство.

Шпанците го добија првиот сет со 25:23, во вториот беше 21:25 за македонскиот состав, а клучен за исходот беше третиот сет 30:28, во кој Македонците не реализираа три сет-топки. Во четвртиот Шпанците беа убедливи со 25:15.

Во поени резултатот е 101:91, во сервис ас 4:4, во блокови 13:4 за победничката селекција.

Најефикасни во македонскиот национален тим беа капитенот Никола Ѓорѓиев со 26 и Александар Љафтов со 13 поени.

Последниот меч на евро-шампионатот „црвено-жолтите“, кои се без шанси да ја поминат Ц-групата, ќе го играат в среда против Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2021 23:42