Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон му даде поддршка на Валтери Ботас, заблагодарувајќи се за заедничките настапи во германскиот тим.

Ботас денеска објави дека го напушта Мерцедес и ќе вози за Алфа Ромео почнувајќи од следната сезона.

Неизмерно сум горд што возев во ист тим со Валтери Ботас во изминатите пет години. Заедно бевме дел од тим кој освои четири титули за конструктори – и се мотивиравме еден со друг да продолжиме да напаѓаме и да одиме напред, минувајќи низ подеми и падови. Благодарам, ВБ! Да завршиме што е можно посилно! – напиша Хамилтон на Твитер. Се очекува Џорџ Расел да го замени Ботас во Мерцедес.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2021 00:04