Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ноќеска во четвртото коло на УС Опен го порази Американецот Џенсон Бруксби со 3:1. Србинот го изгуби првиот сет 1:6, а потоа доминираше на теренот (6:3, 6:2, 6:2). Мечот траеше безмалку три часа.

Ѓоковиќ направи девет аса и една двојна грешка, а исто така реализираше шест брејк топки од 12 можности. Американецот сервира четири аса и една двојна грешка, искористи три брејк -поени од 11.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе се соочи со Италијанецот Матео Беретини.

Наградниот фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 57,5 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2021 12:13