Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, следната сезона ќе настапува за Мерцедес во светскиот шампионат во Формула 1, објавено е на официјалната веб-страница на германскиот клуб.

Дваесет и тригодишниот Британец склучи долгорочен договор со тимот.

Расел ќе започне со трки за Мерцедес во сезоната 2022. Негов тимски колега ќе биде седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон.

Вчера, сè уште актуелниот пилот на Мерцедес, Валтери Ботас, објави дека следната сезона ќе вози за Алфа Ромео.

Финецот ќе го замени својот сонародник, поранешниот светски шампион Кими Раиконен, кој најави пензија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2021 16:38