Деветнаесетгодишната Лејла Фернандез и една година помладата и Ема Радучану се пласираа во полуфиналето на УС Опен.

Во оваа фаза на американскиот Грен слем, две тенисерки под 20 години ќе настапат за прв пат од 2009 година.

Пред 12 години, тогашните 19-годишни Каролина Вознијацки и Јанина Викмаер стигнаа до полуфиналето во Њујорк.

Во петок, Фернандез ќе игра со Арина Сабаленка, а Радучану – со победничката од мечот Каролина Плишкова и Марија Сакари.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2021 01:58