Со доделување на наградите за најдобрите, доцна синоќа беа спуштени завесите на 20-издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој традиционално се одржува во Дебар.

На ова јубилејно издание триумфираше тетарот „Александар Моисиу“ од Драч чија претстава „Ревизор “ во режија на Дриада Дервиши беше прогласена за најдобра. Актерот Гентан Зенелај, од истиот тетар, беше прогласен за најдобар актер.

Наградата „Сулејман Питарка“ за најдобра режија отиде во рацете на Зана Хоџа од Националниот театар од Приштина која ја режираше драмата „ Пролетно будење“ .

Наградата за најдобра актерка, вторпат по ред, отиде во рацете на Вјолца Бектеши од албанскиот театар од Скопје, која и минатата година беше прогласена за најдобра.

Беше доделена и награда за животно дело, која му припадна на познатиот Бајруш Мјаку, актер од Скопје. Пред доделувањето на наградите дебарската публика имаше можност да го последи документарниот филм „101 улога, 102 живота“ посветен на уметничкиот живот на Мјаку.

Претставите на тетарите од Македонија, Албанија и Косово се одржаа во коцертната сала на Центарот за култура, со запазување на протоколите за заштита од Ковид-19.

-Чувствувам огромно задоволство од успешноста и на ова дваесетто издание на фетивалот, настан, за кој, слободно можам да кажам дека живее дебарската публика, која знае да оцени и вреднува. Благодарам за сите кои даваат подршка и верувам дека така ќе биде и во иднина за да оваа манфестација продолжи да живее и да одбележува уште многу јубилеи, рече Илбер Нуредини, директор на фестивалот.

Тој уште еднаш ја повтори желбата што побрзо фестивалот да биде институционализиран од надлежните.

Одржувањето на манифестацијата со 1,5 милиони денари ја поддржа македонското министертво за култура, а подршка дадоа и локалната власт на Дебар, како и неколку компании.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2021 13:05