Поради прогласената трдневна жалост по пожарот што настана синоќа во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, откажана е промоцијата на книгата „Скопски разговори“ на Свето Стаменов, политиколог, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и еден од најплодните македонски публицисти, и проф. д-р Милан Јазбец, поранешен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија и еден од најпознатите словенечки дипломати – припадник на првата генерација словенечки дипломати, универзитетски професор, писател и поет.

Промоцијата требаше да се одржи во чест на 30-годишнината од независноста на Република Македонија и 30-годишнината од независноста на Република Словенија во Домот на културата „Илинден“ во населба Илинден.

Датумот за промоција на книгата ќе биде дополнително закажан.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2021 13:43