Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен ги сподели своите очекувања за претстојното Гран при на Италија.

– Се разбира, во споредба со претходните сезони, мораме да станеме поконкурентни и да изгледаме подобро во Монца. Но, не сум сигурен дали тоа ќе биде доволно за да се бориме со Мерцедес. Како и да е, овој викенд, каде повторно не чека квалификација за спринт, се ќе биде сосема поинаку. И само се надевам дека можеме добро да се подготвиме и да ја завршиме нашата работа. Иако е тешко да се каже каде се наоѓаме во рамнотежата на силите, но овде дефинитивно нема да биде како во Зандворт, изјави Верстапен за „Аутоспорт“.

Големата награда на Италија ќе се одржи од 10 до 12 септември во Монца.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2021 01:06