Без поголеми изненадувања заврши групната фаза на Европското одбојкарско првенство со што се познати сите осминафинални пресметки.

Франција како првопласирана во групата Д во осминафиналето ќе игра против Чешка, додека Бугарија како третопласирана обезбеди дуел против Германија.

Италија го освои првото место во групата Б и во осминафиналето ја чека дуел против Летонија, додека Србија ќе игра против Турција.

Преостанатите осминафинални парови ги сочинуваат Хрватска – Словенија, Холандија – Португалија, Русија – Украина и Полска – Финска.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2021 11:10