Улицата „Ѓоре Ѓоревски“ во Радишани денеска ќе биде без вода, соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на приклучна водоводната цевка на улица „Ѓоре Ѓоревски“, бб и ќе трае до завршување на дефектот.

Поради дефект на водоводен затварач, без вода денеска ќе бидат и корисниците на улиците: „Кленоец“, „Пресека“, „Владимир Каваев“ и „Сливовска“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на дефектот. Без вода денеска ќе биде и улицата „Ферид Бајрам“ кај маркетот „Дија“, во Бутел.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на водоводен затварач во шахта на улица „Ферид Бајрам“ кај маркет „Дија“ и ќе трае до завршување на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2021 11:32