Во финалето на последниот Грен-слем турнир сезонава, УС Опен; ќе играат 19-годишната Канаѓанка Лејла Фернандез и 18-годишната Британка Ема Радукану.

Фернандез во полуфиналето ја совлада втората носителка Арина Сабаленка од Белорусија со 7-6, 4-6, 6-4, додека Радукану ја порази Гркинката Марија Сакари со 6-1, 6-4.

Финалето, кое е на програмата в сабота, ќе биде прво во кое за титулата на УС Опен ќе се борат две тинејџерки по 1999 година, кога играа Мартина Хингис и Серена Вилијамс.

– Зад мене се години и години напорна работа, солзи и крв. Го посакував финалето и се борев за секој поен, изјави Фернандез, која по триумфот над Сабаленка стана најмладата финалистка на грен-слем по Марија Шарапова во 2004 година, но само неколку часови подоцна ја надмина Бртитанката Радукану, која, воедно, стана првата тенисерка, која обезбеди грен-слем финале преку квалификации.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2021 11:39