Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел го спореди својот иден тим со Ред Бул во однос на односот кон тимските пилоти.

Од 2022 година, Расел ќе вози за Мерцедес заедно со Луис Хамилтон.

– Многу ми е драго што Мерцедес ми даде можност да учам. Ред Бул понекогаш е непромислен и безмилосен, затоа и сум многу благодарен за оваа шанса. Секој возач сонува да влезе во Формула 1 и да победи од првиот ден, но тоа не се случува секогаш кога сте на патеката против најдобрите ривали. Се чувствувам сигурен, дури и ако на почетокот заостанам малку, ќе имам доволно психолошка стабилност. Знам дека ќе ја покажам брзината. Не знам кога, но јас сум доволно зрел пилот и можам да се справам со тоа-можеби пред една или две години не беше така, изјави 23-годишниот Британец.

Расел в недела ќе настапи на трката од Формула 1 шампионатот што ќе се вози во Монца за Големата награда на Италија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2021 02:18