Сообраќајот на патниот правец А1К1 Прилеп – Ленишки мост од вчера се одвива наизменично по една коловозна лента заради асфалтирање, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2021 11:47