Актуелниот светски првак Луис Хамилтон (Мерцедес) беше најбрз на денешниот втор тренинг пред неделната трка за Големата награда на Италија.

Британецот имаше најбрз круг со време 1:23, 24 минути, што беше за 0,222 секунди подобро од клупскиот колега Валтери Ботас.

Зад двата болиди на Мерцедес се најдоа возачите на Ред Бул, Макс Верстапен зад Хамилтон заостана 0.416 секунди, додека Серхио Перес 0.671 секунди.

Вториот тренинг го одбележа инцидент во кој возачот на Ферари Карлос Саинц загуби контрола врз болидот и удри во заштитната ограда.

Трката за Големата награда на Италија се вози утре со почеток од 15 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2021 16:27