Рекламен простор од 30 секунди за време на финалето во американска НФЛ лига, популарниот Супербол, е откупен за рекордни 6.5 милиони долари, соопшти американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си.

Шефот на маркетинг на Ен-Би-Си, Ден Ловингер, изјави на прес-конференција дека рекламното покривање на 52. Супербол, што ќе се одржи на 13 февруари идната година, е речиси распродаден, а преостанатите неколку термини се чуваат за „посебни клиенти“.

Во текот на 50. издание на Суперболот, за 30 секунди рекламирање беа платени 5,5 милиони долари, што беше незначителен пад во однос на една година претходно кога беше потребно да се издвојат 5.6 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2021 01:03