Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На патниот правец А1К1 Прилеп – Ленишки мост, почнувајќи од петокот, па во наредните 10 дена, собраќајот ќе се одвива наизменично по една коловозна лента поради асфалтирање на коловозот, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2021 11:04